Радио Милева во тешка состојба

Внукот на Ферус Мустафов откри најнови детали за здравствената состојба на музичарот: „Дедо ми доживеа мозочен удар и е во кома“

Внукот на Ферус Мустафов откри најнови детали за здравствената состојба на музичарот: „Дедо ми доживеа мозочен удар и е во кома“

До само пред неколку дена, македонската музичка легенда, познатиот саксофонист и кларинетист Ферус Мустафов беше активен во јавноста и на социјалните мрежи. Токму поради тоа, веста која осамна преку ноќ дека музичарот починал, а потоа демантирана од семејството дека сепак е жив но се бори за живот, беше дочекана со неверување, недоумици и многу непознаници.

Околу тоа што се случило со легендарниот музичар, за „Фокус” појасни неговиот внук Ферчо, кој заедно со семејството беше  во Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје.

„Се’ беше во ред со дедо ми, се’ беше супер, си функционираше како што треба. За сите нас ова е голем шок. Тој доживеа мозочен удар и веќе три дена е во кома. Она кое сакам да го потенцирам е дека дедо ми примаше терапија, таа му беше препишана како доживотна, но не знаеме зошто, еден лекар му ја тргна терапијата. Откако прекина со таа терапија, еве се случи ова, мозочниот удар“ – изјавил Ферчо и продолжил.

„Неочекувано за сите нас, секако и за неговите обожаватели, бидејќи до пред некој ден го гледаа како без проблем си извршува секојдневни обврски“ – појаснува внукот.

Додава дека целото семејство е покрај Ферус, кој е хоспитализиран во болницата „8. Септември“ во Скопје, и сите се молат да се разбуди од кома.

Фото: Фејсбук принтскрин/Fercho Mustafov

To top