Лидија Оцокољиќ, сестрата на Светлана Цеца Ражнатовиќ, синоќа го прослави 18-от роденден на својата ќерка Хелена, но малкумина и обрнаа внимание бидејќи е позната по тоа што не сака да се експонира. Но, на една фотографија се појави и Лидија, па беше откриено како изгледала на роденденот на својата ќерка.
И додека Цеца блескаше во син светкав фустан со крената коса во опавче, шишки и со црвен кармин на усните, Лидија се одлучи за понежни нијанси. Таа беше облечена во нежно розев фустан, златно ланче околу вратот, а реши како и нејзината сестра да ја стави косата во опавче.
Сестрата на Цеца била многу весела, па наздравила со гостите, а токму во тој момент ја фотографирал фризерот Стеван Радивојевиќ, кому му пришла за да се напијат заедно.
Сепак, најелегантна синоќа беше ќерката на Лидија и братучетка на Цеца, Хелена, која за својот 18 роденден блескаше во црн фустан.
Фото: Принтскрин/Александра јовановиќ Циле