Мегафон

Влатко Стефановски по 40 години со концерт во МКЦ, овој пат со неговото трио

Влатко Стефановски по 40 години со концерт во МКЦ, овој пат со неговото трио

По точно 40 години, Влатко Стефановски се враќа во МКЦ со концерт, во рамки на одбележувањето на јубилејот 50 години Младински Културен Центар, во организација на Баги Комуникации и МКЦ. Влатко Стефановски ќе одржи концерт заедно со своето трио и неколку гости.

Концертот е закажан на 8 април, со почеток во 20 часот во сала „25 мај“. Интересно е што последен пат Влатко настапил во МКЦ во 1982, заедно со групата „Леб и Сол“ а во последниве 40 години немал ниту еден свој концерт во оваа културна институција.

Влезниците за концертот ќе бидат пуштени во продажба на билетарата на МКЦ и онлајн на bileti.mkc.mk.