Мегафон концерт

Влатко Стефановски на 1-ви август во Антички театар во Охрид

Влатко Стефановски на 1-ви август во Антички театар во Охрид

Охрид вообичаено и летово ќе биде центар на бројни музички настани, а меѓу нив е и концертот на легендарниот гитарски виртуоз Влатко Стефановски, кој по трите преполни скопски концерти во Македонската филхармонија, музиката од својот нов албум „Мајчин јазик  ја носи и во Античкиот театар во Охрид.

Концертот е закажан за 1 август, со почеток во22 часот, а Стефановски ќе настапи со гостите Биља Крстиќ од Србија, Теодосиј Спасов од Бугарија, Танос Ставридис од Грција, Весна Гиновска Илкова и групата „Љубојна“ од Македонија.

Билетите се веќе пуштени во продажба онлајн и на сите продажни места на „Купи карти за сè“.

To top