Еден од најдобрите македонски пејачи Влатко Лозановски беше гостин емисијата „Живот со стил“ каде што проговори за своето детство, за својата музичка кариера, за почетоците, за родителите, но и за љубовниот живот.
Имено, Лозано во емисијата откри дека се уште е во контакт со неговата поранешна свршеница Савка.
На прашањето дали се уште комуницираат, Лозано одговори:
„Да, комуницираме. Океј сме, нема ништо лошо“ вели Лозано.
Исто така во емисијата „Живот со стил“, Лозано одговараше на кратки прашања, па на прашањето дали простил неверство, Влатко откри дека простил.
За потсетување, Лозано и Савка ја раскинаа свшрувачката во 2017 година, а таа се отселила од неговиот стан каде што живееја заедно.
Иако во медиумите се појавуваа написи дека наводоно раскинале бидејќи Савка го изневерувала, парот не сакаше да ја открие причината за нивниот крај на заедничкиот живот.