Еден од најдобрите македонските јавни личности Влатко Лозаноски ја издаде својата нова песна „Не те вадам од памет“.
“Не те вадам од памет” е насловот на летниот хит, а се разбира и овој пат како автори се потпишуваат тандемот Лазар Цветковски и Магдалена Цветковска.
За новата песна, Лозано сними и видеоспот на кој како режисер се потпишува Даниел Јовески. Спотот е снимен на неколку локации во земјава, а покрај Лозано во него главната улога ја има и една од најубавите девојки во Македонија, Мартина Михајловска.
Влатко вечерва на стадионот „Билјанини извори“ ќе одржи концерт.
Во продолжение слушнете ја неговата нова песна.