Веќе имавте прилика во вестите на vistina.com.mk да ги читате новостите поврзани со македонските учесници во „Ѕвездите на Гранд“.
Оваа година учестуваат повеќе македонски кандидати меѓу кои Огнен Здравковски, Филип Пецовски, Стефан Величковски, Елена Миленковска, Адам Лабунски, Сања Тодоровиќ, Дарко Коцевски, Гоце Бошковски, Мартинијан Кириловски….
Секој од нив се подготвува со своите ментори за претставување на сцената.
Во последната емисија на „Ѕвездите на Гранд“, настапуваше и Огнен Здравкоски кој се претстави со „Километри“ од Влатко Лозаноски и „Мангупска“ од Здравко Чолиќ.
View this post on Instagram
Голема благодарност до “@owenmenswearskopje”!?❤ #zvezdegranda #grandproduction
За неговиот настап веќе ви пишувавме во естрадните вести.
Меѓутоа, не само што Шерифовиќ која е ментор на Огнен е задоволна од неговиот настап туку и Лозано.
Имено, тој јавно му поласка на Огнен. Во кратките приказни на „Инстаграм“, Влатко сподели објава на Здравкоски, а во описот напиша „Браво Огнен“.
Освен тоа, македонскиот пејач му коментираше и на објава на Огнен, па веруваме дека Здравкоски бил среќен што добил поддршка од Лозано, пејачот кој неодамна одржа спектакуларен концерт во „Борис Трајковски“.
Како ќе се претстави Огнен во четвртиот круг и дали повторно ќе добие пофалби останува да видиме.