Лице в Лице приказни „од зад сцената“...

Влатко Лозаноски: “Добивам понуди да пеам и на свадби, но и на погреби и разводи!“ (ВИДЕО)

Влатко Лозаноски: “Добивам понуди да пеам и на свадби, но и на погреби и разводи!“ (ВИДЕО)

Скромното момче од Кичево кое пред повеќе од 15 години ја почна својата музичка кариера, иако цврсто гази напред со чекори од „едум милји“,  апсолутно ништо не е променето во поглед на неговото однесување. Тој и понатаму е истиот – ненаметлив, кроток, тивок, смирен, коректен и исклучително културен… Влатко Лозаноски – Лозано.

Неодамна ја објави неговата најнова песна под наслов „После полноќ“, па токму тоа беше и причината да биде гостин во естрадниот магазин „Бекстејџ“.

Освен за новата песна, Лозано зборуваше за уште многу други нешта, меѓу кои и најчудната понуда која ја добил за настап, па додаде:

„Добивам понуди да пеам на свадби, но и на погреби и разводи… Во такви моменти јас и мојот тим не знаеме како да реагираме. Но, мора да се навикнеме“ – рече Лозано во разговорот за ТВ магазинот „од зад сцената“.

Што е она што прво му го кажуваат оние кои ќе го сретнат на улица, дали мирот го бара во Белица…?

Одговорите на овие и останатите прашња слушнете ги во целото интервју кое можете да го погледнете го во продолжение:

To top