Радио Милева бардот заминал осамен

Властимир Ѓуза Стоиљковиќ беше актерска легенда, а никој не знаел каде е погребан: Ниту најдобриот другар не му го знаел гробот за да му запали свеќа?! (ФОТО)

Властимир Ѓуза Стоиљковиќ беше актерска легенда, а никој не знаел каде е погребан: Ниту најдобриот другар не му го знаел гробот за да му запали свеќа?! (ФОТО)

Легендарниот актер кој почина во 2015 година беше кремиран и погребан во најголема тајност, така што никој освен неговата сопруга не знаел каде се наоѓа неговото вечно почивалиште. Најмалку една година по заминувањето на бардот на југословенското глумиште, јавноста и колегите на Ѓуза не знаеле каде е неговиот гроб, каде можат да запалат свеќи и да положат цвеќе. Но една година по неговата смрт, мистеријата била решена и тоа на чуден начин. Локацијата на вечното почивалиште на Ѓуза ја дознал неговиот к најверн другар Власта Велисављевиќ и тоа верувале или не, преку електричарот вработен во истиот театар каде што Ѓуза работел и играл до пензионирањето – белградското Ателје 212.

Новинарите од српските медиуми го барале неговото гробно место распрашувајќи се со часови час, до кое сигурно има половина час прошетка и се наоѓа на  периферијата на Новите гробишта во Белград.
Сопругата на актерот Душанка Стоиљковиќ решила да ја смести урната со неговата пепел во гробот со остатоците од нејзините родители Живко и Вера Врањанац.
По смртта на Ѓуза, неговиот верен пријател Власта Велисављевиќ не бил ни поканет на неговото кремирање или положување на урната, но случајно дознал каде може да оди и да го посети неговиот соученик и другар.

„Никој не знаеше цела година каде е погребан, но беше случајно откриено. Електричарот од Ателје 212  ја следел сопругата на Ѓуза Душанка кога одела на задушница. Седел пред нејзината куќа и чекал таа да тргне да оди на гробишта. Сега знаеме каде е и можам да одам и да му запалам свеќа“ – изјавил Власта.

Уметникот не ја разбирал одлуката на сопругата на неговиот колега – Душанка, како што пишуваа медиумите во тоа време, на Ѓуза да му забранува контакти со колегите во текот на последните денови од животот.

„Јас го посетив. Душанка им забрани на сите да го посетат, но мене – не можеше. Му реков и на управникот во старскиот дом каде беше последните месеци сместен: „Не се шегувај, кој може да ме спречи да го видам Ѓуза“.
Така се договорил и со семејството на Ѓуза, ќе изјави тогаш Власта.

Фото: Инстаграм принтскрин/ Дамир Дервишагиќ

To top