Пополарниот македонски пејач или како што медиумите милуваат да го наречат „чаирски романтичар“, Владо Јановски, беше гостин пред камерите на естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“, каде одговараше на прашањата на водителот Миро Кацаров.
Меѓу таквите за кариерата и претстојниот концерт, не беа заобиколени ниту прашањата за приватниот живот, љубовта, но и врската со Дунавка Трифуновска со која снимаше спот за песната „Главен град на тагата“.
Миро го воведе Владо со тоа што му посочи дека Дунавка изјавува дека се во врска, тој пишува песни за неа и слично…
Што се случува меѓу тебе и Дунавка, освен тоа што мислам дека се познавате? – прашува Миро.
Се познаваме, снимавме спот заедно. Што и се случува…Не сум ја видел со месеци, од лани ја немам видено, нит знам што прави. Се најубаво и посакувам. Јас не знам што прави она моментално, одговара Владо, а водителот се надоврза:
Она изгледа те сака тебе знаеш? Она е заљубена во тебе.
Јас немам врска со тоа. Со новиот спот кај што ќе биде Вера Мештеровиќ, ќе ја заборават Дунавка, така да спремајте се од сега за трач со Вера Мештеровиќ, одговара Владо.
За потсетување, Дунавка изминатиот период почесто ја гледавме на телевизија и читавме на портали за неа. Во изјава за Репортер.мк за блискосата со Владо Јаневски таа изјави дека не крие ништо што е официјално:
Владо ми дозволи да бидам она што сакам. Не е тајна дека сме заедно. Блиски сме и не криеме дека имаме љубовна врска. Јавно се појавуваме заедно се едно дали не виделе во хотел или шетаме во Охрид низ чаршија“, рече Трифуновска за Репортер.
Исто така летово осамнаа и папарацо фотографии пред еден хотел каде Владо и Дунавка се заедно пред автомобил. Вистината на Дунавка или Владо, пресудете сами.