Државниот завод за статистика ја потврди лошата економска политика на СДС. Додека целиот регион и Европа имаат забележителни стапки на раст на БДП, Македонија е на дното во Европа со катастрофални 0.1%. Погубните политики на владата на Заев, Македонија ја фрлија на колена. Ја турнаа на дното, заглавена во економски долгови, со бројки во кои домиинираат нулите… ама однапред. 0,1 % БДП? Зарем не е срамно воопшто да го изустиш тој податок. Исто како да е 0,0 % ! Граѓаните вријат, незадоволството го искажуваат секојдневно, што особено изразено се почувствува на неодамнешниот протест на опозицијата!
Вријат и социјалните мрежи. Што од гнев, што од потсмев! Невидена брука за владеачкиот клан, економска катастрофа за граѓаните, пустош за државата и нејзината економија. Ама кој од неговите да му каже на „царот“ оти му е гол задникот? – како што сериозно се пошегува актерот Тони Михајловски на својот Фејсбук профил.
„Дај да организираме некое коктелче, со чочече, за овие 0,1% БДП јбт. Не е лошо.Можеше и полошо. Можеше и нула да биде. И уште може. Зграпчи го животот. Планот 0,3-0,6-0,9 се исполнува.
п.с. Ќе му каже ли некој на почитуваниот в.д. Премиер на Република Македонија дека е Адаптоид? Дека е Пинокио кој се маскирал во Херкул? Ќе му каже некој на “Царот” дека е гол? Ама некој од блиските да му каже?“
И навистина е така. Планот “3-6-9“ ќе заврши како план „0,3-0,6-0,9“… па дури ни така. Како 0,1. Сеедно, можеше да биде и две нули! 0,0% БДП! А, две нули или „ОО“ , веруваме знаете дека е ознака за нужник! И тоа оној, од најдолните, оние заедничките… чучавец. Како владината СДС економија со која ги клекнаа и државата и народот на колена… Само кој да му каже на царот? Ниту еден „дворски шут“ нема храброст да се направи будала, па на „паметниот“ цар да му објасни дека работава „смрди“… и тоа корне!
Ама, како тргнал бргу ќе дојде денот кога народот ќе го повлече казанчето на истиот тој „00 – чучавец“, и прв ќе го однесе „царот“… После тоа нема чочек. Има само дочек… во канализацијата на заборавот, која самиот си ја инсталираше!