Во саботното издание на регионалното музичко шоу „Ѕвездите на Гранд“ настапуваа двајца македонски претставници.
Прв на сцената се претстави македонскиот кандидат Омар Џафероски. Тој пред жирито се претстави со песните „Погледи у тами“ и со популарната песна „Лагала нас мала“.
Омар ги освои сите гласа, а жирито имаше само пофални зборови за младиот скопјанец.
-Заслужени шест гласа, изјави Ана, а со неа се согласи и Цеца.
-Беше одличен, изјави Марија.
Менторот Ѓорѓе Давид му честиташе на Омар за неговото пласирање во следниот круг, а дотогаш што ќе подготват останува да видиме.
Во последната емисија од вториот круг, настапуваше и младата Драгана Костова која беше под менторство на Марија Шерифовиќ.
Таа се претстави со песните „Хајде онда ништа“ и „Моли, моли“. По нејзината интерпретација таа исто така доби вкупно шест гласа од жирито.
-Марија знае дека ова не беше за шест гласа, но ова е втор круг. Имаше многу проблеми во втората песна. Видов дека имаш пет гласа, па не сакав да ти ја расипам среќата, но внимавај со изборот на песни, изјави Бекута.
Цеца Ражнатовиќ го пофали талентот на младата Драгана и истакна дека очекува наскоро да заблеска.
Ѓорѓе Давид потенцираше дека Драгана е одличен кандидат и дека во понатамошното натпреварување нема да има проблеми да се работи со неа.
Шерифовиќ ја пофали својата кандидатка, посебно за првата песна.
Настапот на Омар може да го погледнете во видоето подолу на 4: 50, a настапот на Драгана може да го гледате на 20:48.
фото: Z. K. Munja/ E. Srdić/ youtube/zvezde granda