Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ се појави на снимањето на новата емисија на музичкото натпреварување „Ѕвездите на Гранд“.
Цеца на снимањето се појавила во барби верзија.
Имено, пејачката за оваа прилика избрала розев фустан со длабок шлиц и со бисери околу градите, како и сако во иста боја.
Стајлингот го заокружила со чанта од познат моден бренд, а нејзината цена е околу 8.000 евра, пишува „Блиц“.
Високите потпетици ги истакнаа нејзините долги нозе, а коментарите за нејзиниот изглед продолжија да се нижат
„На оваа жена годините ништо не и можат “, „вистинска барбика“, „убава комбинација“, се само дел од коментарите за изгледот на Цеца.
Фото: Принтскрин/Ата Имаџес