Пејачката Миа Борисављевиќ живее во стан на две нивоа во Белград, со сопругот Бојан Грујиќ и нивните две ќерки Ема и Теа.
Ема има пет години, а Теа неодамна го прослави вториот роденден. Празниците доаѓаат, па како и сите, така и јавните личности бараат да си го украсат домот, и заради најмалите и заради себе, бидејќи сите уживаат во празничната атмосфера.
Миа преку својот Инстаграм покажа како изгледа нејзиниот украсен дом, а можеме слободно да кажеме дека е како од бајка.
View this post on Instagram
Пејачката за оваа прилика ангажирала професионален декоратор, за се да оди во најдобар ред.
На видеата можеше да се види колку се среќни девојките, не можејќи да се нагледаат на сите детали. Девојките беа толку возбудени што дури и помогнаа да се наместат украсите.
View this post on Instagram
Тука е елката, Дедо Мраз, ирваси, пакетчиња, лампиони и се што оди во прилог на тоа. Миа се потруди ништо да не пропушти.
Фото: Printskrin/Instagram/miaborisavljevic