Семиот по ред Music Week фестивал на Копаоник, го имаше своето второ продолжение и овој викенд во хотелот Гранд Копаоник.
Екипата на Вистина.ком.мк заедно со уште два македонски медиуми (Вечер.мк и Убавина и здравје.мк) беа специјални гости на овој градиозен музички настан на покана на организаторот кој се погрижи престојот и третманот на македонските и сите останати новинарски екипи да биде на највисоко можно ниво, со сите удобности, можности и содржини што ги пружа и нуди ултралуксузниот хотел Гранд… Или што би рекле со јазикот на хотелиерите – за 5 ѕвездички!
Првата вечер, во петокот на 17-ти март 2023 год. гостите и публиката во преполната сала уживаа во музичката ретроспектива на веројатно најголемата фолк ѕвезда на бившите ЈУ простори на сите времиња, единствената Лепа Брена.
Едноставна, а сепак магична, Брена со своите постари и понови фолк хитови („Ситније Циле, ситније“, „Чачак“, „Миле воли диско“…) ги крена сите на нозе, а концертниот набој на журката само на моменти од еуфорија преоѓаше во посмирена, сентиматлно – емотивна елегија во изведбата баладите на балканската фолк кралица, како „Зрно бибера“, на пример.
Речиси три часа непрекината „забава луда до максимум“ за публиката за која Брена и овој пат ја остави „душата на сцената“ и естрадна лекција за колегите како тоа го прави една вистински најблескава музичка ѕвезда.
Претходно, непосредно пред почетокот на концертот балканската фолк кралица имаше блиска средба со новинрите. На прес конференцијата таа без ограничувања и лимити отворено одговараше на сите поставени прашања.
Односот кон седмата сила е само уште една потврда зошто Брена е вистинска мегаѕвезда… И тоа најголемата!
На вториот фестивалски ден ( сабота, 18-ти март 2023 г.), уште една балканска ѕвезда, музичкиот волшебник Дино – Мерлин одржа концерт за паметење. Овој пат сосема поинаков и многу поразличен од оној на првата вечер на Брена.
На моменти многу поконцептуален, на моменти концептот пак се прелеваше во чиста танцова поп забава, па се до чиста емоција во баладите кои следуваа. И сето тоа во зависност од изборот на песните кои середеа во неговата концертна сложувалка. Едните аранжмански видоизменети, концептуално збогатени со психоделични етно моменти и куси музички соло делници на брилијантните инструменталисти од неговиот придружен бенд на сцената и особено двата придружни вокала – Аида и Ајзела кои фантастично се надополнуваа со седефестиот вокал на пејачот, но и во сценската изведба заедно со него која се огледаше во кореографските чекори и движења, гестикулациите, мимиките…
За целиот музичко-сценски перформанс на Дино Мерлин да биде збогатен со фасцинантните светлосно-ласерки ефекти на „Sky Music“ и видео илустрациите и анимациите кои одеа на големите лед екрани за цело време на настапот, претворајќи го концептот во вистинска аудио – визуелна магија.
Кога на тоа ќе му се додадат пиротехничките ефекти, ленти и конфети и во еден момент мноштвото огромни балони кои влетаа во публиката, настапот на познатиот поп пејач и композитор на втората вечер на Music Week фестивалот на Копаоник може да се окарактеризира како вистинско аудио-визуелно волшебство за паметење.
Бројната публика меѓу која имаше и многу познати личности од јавниот, културниот, естрадниот живот и бизнис секторот, меѓу кои и некои од Македонија, имаа можност да уживаат во магијата и познатите хитови на Дино Мерлин, кој пак не го криеше задоволството што и оваа, како и минатата година е дел од овој спектакл.
Во уникатниот, луксузен амбиент на хотелот Гранд Копаоник, со врвна аудио-визуелна продукција потпишана од продуцентската куќа Скај мјузик, концертното искуство на најпопуларната планина во регионот и овој викенд беше настан за паметење. Едноставно, домаќините, Лепа Брена и Дино Мерлин направаја зимата на врвот навистина да звучи и изгледа волшебно!
Благодарение на ексклузивната листа на изведувачи кои настапуваат во живо на едно место пак, идиличното мартовско скијање кое не звршува овој викенд, но и врвниот комфор, луксузните спа содржини, ненадминатото гастрономско искуство и посветената услуга на персоналот на хотелот Гранд, даваат можност за совршен зимски одмор на Копаоник, за кој дефинитивно вреди да се резервира место.
Фото: Приватна архива