Пејачот Слоба Радановиќ изгради огромна вила на Сланкамен во која планира да се пресели со семејството.
Работите се при крај, а пејачот веќе го опреми својот дом.
Имено, тој покажа како изгледа дел од неговата куќа, а многумина беа воодушевени од изборот на бои.
Така, на пример, во кујната доминира кафеава боја, и вградени елементи и апарати.
Слична е ситуацијата и во дневната соба каде доминираат беж тонови, а мебелот веќе пристигнал.
Она што го привлече вниманието се високите тавани низ куќата, и тоа што е прилично пространа и светла, па децата ќе можат да уживаат и да си играат каде сакаат.
Бидејќи Слоба најави дека наскоро ќе ги поседува клучевите, веруваме дека вселувањето е многу блиску.
Фото: printskrin/instagram/slobaradanovic