Радио Милева се пофали колку и се може

Високата цифра ја потрошила само на едно: Еве колку пари од тужби „легнаа“ на сметката на Јелена Крлеуша (фото)

Високата цифра ја потрошила само на едно: Еве колку пари од тужби „легнаа“ на сметката на Јелена Крлеуша (фото)

Јелена Карлеуша го објави новиот албум „Алфа“, а по цели 11 години публиката слушна сосема нов звук на музичка ѕвезда која не штедеше време, пари, енергија за да го направи овој проект совршено спакуван.

Неколку дена по објавувањето на песните, следуваше роденденската забава на Јелена. Во величествениот двор на својата вила на Дедиње, поп дивата ги собра своите блиски пријатели и соработници, а секој детаљ беше во духот на албумот „Алфа“.

Освен пофалбите и честитките од публиката, Карлеуша беше осудена и од дел од јавноста поради костимите и текстот на песните, а меѓу критичарите беа и неколку нејзини колеги, но и медиумски компании против кои поднесе кривична пријава, како што тврди, поради предизвикана душевна болка и лажни информации кои се шират за неа.

Пејачката за тоа се огласи на социјалната мрежа Инстаграм и откри колку заработила во изминатите неколку години од судски спорови кои завршиле во нејзина корист.

– Во последните неколку години, верувале или не, заработив околу 10 милиони динари од судските спорови добиени во моја корист. Поголемиот дел го дадов во прифатилиштата за животни во Србија – открила Кралеуша во својата објава.

фото:Инстаграм принтскрин/Јелена Карлеуша

To top