Мегафон По 58 години кариера

Виолета Томовска: „Од мојата пензија не можам да организирам концерт“

Виолета Томовска: „Од мојата пензија не можам да организирам концерт“

Во рамките на манифестацијата „Илинденски денови“ која вчеравечер се одржа во градот на конзулите, Битола, во својот роден град настапи и фолк пејачката Виолета Томовска заедно со битолската група „Фонтана“.

Како и совојата колешка Блага Петреска која пред неколку месеци изјави дека не е во ред што државата не организира ништо за имиња кои години зад себе имаат оставено многу за македонската музика, така сега и Виолета Томовска вели дека од својата пензија не може да си организира концерт.

За порталот 7 дена.мк таа вели:

Имам снимено нови песни, но не сум ги промовирала. Чекам да се организира нешто поголемо, па тогаш. Ако се организира. Но, сепак, треба да се направи нешто и за нас пејачите што сме на зајдисонце. Јас не можам сама со мојата пензија да организирам концерт“, вели Томовска, која годинава слави 58 години кариера, додавајќи дека се надева дека за две години ќе успее да направи поголем концерт.

фото:фејсбук

Но, да сме здрави и живи до тогаш. Важно е што ме држи грлото што ветувам дека ќе биде прекрасно. Ќе пеам многу песни, од староградски до новосоздадени“, заклучува таа.

To top