Принцот Вилијам и Кејт Мидлтон искусиле вистинска драма кога според извештаите на странските медиуми, нивниот авион нашиол на бура.
Авионот на британското Кралско воздухопловство во кој биле принцот Вилијам и војвотката Кејт, требало да го одложи слетувањето во Исламабад и да се врати во Лахор заради невремето во кое влетаа.
Принцот Вилијам, кој претходно беше пилот за спасувачки хеликоптери, им рече на новинарите дека тој и Кејт се добри и дека проблемите се појавиле бидејќи тој летал со авионот, пренесува Ројтерс.
Вилијам и Кејт, кои беа на четиридневна турнеја низ Пакистан, се обидоа прво да слетаат на Равалпинди, а потоа на аеродромот Исламабад, но потоа решија да се вратат во Лахор.