Македонската пејачка Викторија Лоба е доста активна на Инстаграм, па редовно ги радува следбениците со фотографии на кои рекламира познати брендови но, знае да им го привлече вниманието и со приватни моменти од секојдневието.
Нејзините „селфиња од лифтот“ кои со задоволство приватно ги прави секогаш ги собираат погледите и позитивните коментари, но овој пат некој друг беше во фокусот.
На кратките приказни овој пат Лоба сподели две преслатки фотографии од миленичињата за кои се грижи најдобро што може.
Станува збор за нејзините кучeнцата од расата Померанец, кои пејачката ги обожава и им дозволува се.
Така сега покажа дека нејзиниот кревет го резервирала само за нив и во ладниот декември ги чува од студот покривајќи ги со топло ќебенце.
На првата фотографија едното го опиша како „Ангел“, а другото го нарече „Крофна“.
Тие симпатично позирале пред камерата, а со тоа пејачката уште еднаш покажа дека е вистински пример за тоа како се чуваат домашните миленичиња.
Фото: Printskrin/Instgaram/victorialoba