Македонската пејачка со руско потекло Викторија Лоба гостуваше во утринската емисија на Телма каде зборуваше за нејзините проекти на кои моментално работи, за настапите, пандемијата со коронавирусот, за моменталната состојба со војната меѓу Русија – Украина.
Имено, таа откри дека се вратила на настапите и дека агендата е полна.
Викторија исто така откри дека била позитивна двапати на коронавирусот, но и дека немала никакви симптоми.
Пејачката со руско потекло ја прокоментира и ситуацијата со војната меѓу Русија и Украина. Таа со солзи во очите повика на мир.
-Јас сум со огромна желба за мир, за разбирање помеѓу сите народи. Сакам да кажам дека народот треба да биде обединет, не треба да нè одделуваат, без разлика дали се работи за различни народи и националности. Треба да го доживееме тоа единство во нас и кога ќе се случи тоа, нема да може ниту еден политичар да нè скара“, изјави Лоба, која со склопени раце и со солзи во очите се помоли за мир во светот.
Лоба е родена во Русија и таму живеала до својата 8-ма година, но своите интервјуа неколку пати истакна дека ја сака Македонија како своја земја и дека е среќна што тука живее.
фото: принтскрин/јутуб