Промотер

Викторија Лоба го опеа својот – „Херој“ (ВИДЕО)

Викторија Лоба го опеа својот – „Херој“ (ВИДЕО)

Македонската поп пејачка Викторија Лоба има нова песна и видеоспот за неа. Овој пат се работи за една поинаква балада, која иако е спакувана во модерен аранжман и современа продукција, во себе содржи доволна доза на етно елементи, па стилизираниот фолклор провејува низ звуците на традиционалните инструменти низ неа, боејќи го модерниот саунд со звуците на изворот.

Сите оние кои очекува нов хит од типот на „Дојди“ на Русинката со македонска душа можеби помалку и ќе бидат разочарани од новата песна на Лоба, која на моменти звучи на она што една Јелена Томашевиќ да речеме го изведуваше на своите почетоци, само се разбира, звуците на  изворот се поинакви… наши, автентични.

Со оваа нејзина песна Роберт Билбилов уште еднаш покажал дека е зрел и разновиден автор и продуцент, која својето мајсторство го крунисал со една ваква необична тема, која бара многу повеќе знаење, вештина и аранжерско-продуцентско мајсторство, отколку само голото лепење готови пачови со музички фрази и ритмови купени на Интернет. На сето негово мајсторство, изведбата на Лоба пак, му дава душа, чудна експресија која иако исполнета со патина во интерпретацијата и стиховите, како да ви ги „милува ушите“ додека ја слушате. Едноставно, болна, а сепак нежна!

Едноставното, но доволно ефектно видео во зимска идила кое го изработил Даниел Јовески е полно со симболика, па белилото и студот целосно и комплетно кореспондираат со музиката и текстот, поткрепувајќи го аудиоефектот со визуелен.

Се’ на се’, „Херој“ е тема која покажува дека Викторија Лоба има и поинаков капацитет отколку да биде само привлечна секси русокоса изведувачка на инстант хитчиња. И како што самата вели, наскоро ќе можеме да очекувате многу нови песни од “новата” Лоба, кои ќе се најдат на албумот на материјалот кој го работеше заедно со Роберт Билбилов и Марга Сол изминативе месеци.

Во меѓувреме проследете како таа го доживува својот „Херој“:

 

To top