Викторија Лоба замина на планина каде што веќе падна снежната прекривка. Нејзината дестинација на своите обожаватели таа не им откри, но ги потсети дека е време за зимување.
„Нека снежи“ е нај соодветната песна за овој периот, а Лоба со задоволство ја закачи на нејзината објава откако ја постираше првата зимска фотографија за оваа година на снегот.
Пејачката чекореше по крцкавиот снег, а дополнително на објавата стави и снегулки покажувајќи дека снежи и додека е таму.
Па така снегулките паѓаа на нејзиното убаво и нежно лице на кое во оваа пригода не му требаше ниту грам шминка.
Црните ракавици и топлиот џемпер кој наѕираше беа полн погодок на вакво време, а меката капа и зимската бунда дополнително и даваа шмек на руската девушка.
Уживањето на чист планински воздух секогаш е добро, а забавата со снегот никогаш не е доволна. Впрочем ако е бал, нека е снежен бал, па затоа Лоба подготви цел арсенал од снежни топки! На вас е да погодите во оваа зимска „воена“ идила, кој ќе биде победник на брегот, а кој „ќе го крка“ снегот?
Фото: Printskrin/Instgaram/victorialoba