На насловните страници на светските медиуми осамнаа насловите дека се разведуваат Викторија и Дејвид Бекам, а наводно виновна за тоа е пејачката Рита Ора.
Откако беше откриено дека Рита Ора се допишувала со Бруклин, синот на Бекамови и дека разменувале емотивни пораки, а подоцна биле и во контакт, вестите ја сменија насоката дека пејачката сега ја „фрлила мамката“од синот кон таткото и дека исто така разменувала и пораки со Давид. Викторија, за сето ова наводно долнала и побеснила, , а уште полошо е што нивниот развод е главна тема во медиумите, пишува “24sata.hr”.
Ова не е прв пат да се најдат на насловните страници за наводен развод и тоа ја направи Викторија уште повеќе нервозна, иако Рита тврди дека го почитува семејството на Бекам и нема да си дозволи да го стори тоа.
Инаку, Дејвид и Викторија оваа година прославуваат 20 години брак и имаат четири деца.