Викторија Бекам на својот „Инстаграм“ објави фотографија на која е со уредничката на „Вог“, Ана Винтур , како и фотографии на кои нејзината ќерка Харпер зад сцената се дружи со моделите.
Меѓутоа, наместо позитивни коментари, на објавата се нижеа негативни коментари за манекенките кои изгледаат многу слабо, па ги нарекоа „зомби“.
„Не е смешно, изгледаат како зомби“, „Моделот на левата страна изгледа анорексично, моделите не треба да изгледаат така“ само некои од коментарите.
Number one show guest, #harperseven! #VBSS20 pic.twitter.com/WWPQ5Lnow9
— Victoria Beckham (@victoriabeckham) September 15, 2019
Многумина истакнаа дека ќерката на Викторија не треба да биде во такво друштво.