За секоја мајка нејзините наследници колку и да пораснат, тие ќе бидат деца, а тоа важи и за Викторија Бекам.
Таа на својот Инстаграм профил објавила фотографија на која позира со синот Бруклин.
20-годишниот студент по фотографија, кој поради студиите се преселил во Њујорк минатата година, дошол во посета на своето семејство во Лондон, а неговата славна мајка ја искористила таа прилика за фотографирање со синот и не можела, а да не го прокоментира и неговиот изглед.
“Дали е тоа обид за пуштање мустаќи?”, напишала Бекам во описот на фотографијата, алудирајќи на новиот изглед на Бруклин и уште еднаш нè потсетила на својата одлична смисла за хумор.