По повод 35 години кариера и нејзиниот роденден, балканската ѕвезда Лепа Брена изминатиот викенд одржа два концерти во „Штарк Арена“.
Пејачката направи вистински спектакал за присутните во салата, а за овие концерти ќе се зборува уште долго време.
На сцена, како и секогаш Брена може да ја видиме во разни модни комбинации и секогаш средена како дама.
View this post on Instagram
Neprevazidjeni stilista i dizajner kompletnog LB – tima- STEFAN ORLIC?♀️??❤️?
Меѓутоа, зад рефлекторите Брена е сосема обична жена, сопруга, мајка, пријателка.
Таа досега неколку пати има изјавено дека кога не е Лепа Брена е домаќинка и знае да готви. Досега тоа го нема покажано на дело и пред камерите речиси никогаш не сме ја виделе Брена во кујна.
Вообичаено, за тоа е задолжен нејзиниот сопруг Боба кој одлично знае да готви.
Меѓутоа, овојпат Брена го замени сопругот и одлучи да подготви палачинки.
Нејзиниот најмал син, Виктор Живојиновиќ во кратките приказни на „Инстаграм“ сподели видео на кое Брена е во сосема опуштено издание и готви, а во описот на фотографијата напиша: „Нема мир“.
Еве како изгледа пејачката во кујна.