Промотер

Виктор Апостоловски покажа дека е – „Крал“ (ВИДЕО)

Виктор Апостоловски покажа дека е – „Крал“ (ВИДЕО)

Битолчанецот Виктор Апостоловски го претстави својот нов сингл насловен едноставно „Крал“.

„Понесен од летните вибрации, некако добив инспирација да направам нешто такво, лесно и интересно… Седнав и за неколку часа беше снимена ’Крал’! Лесен регетон-ритам, лесен текст склопен природно на Викторски начин“ – раскажува битолчанецот, чиј „Крал“ стигна во комплет со соодветно, летно видео.

„Морам да и се заблагодарам на Катерина Стојковска од ’КаДенс’ и нејзините танчери и танчерки! Сè испадна спонтано и прекрасно и благодарен сум им до небо за прекрасната енергија! Исто така благодарност и доМирослав Драганов – Миро, кој помогна во обединувањето на танчерите а и самиот зеде учество, што е уште поубаво…“ – објаснува Виктор.

„Крал“ е прва песна после материјалот од вториот студиски албум „Во срцето“ кој беше промовиран годинава на неговиот роденден (12 февруари), а интересно е дека неколку стихови се отпеани на шпански јазик, што заедно со заразниот ритам одлично се вклопува во популарната латино-треска на македонски начин.

Музика/Текст/Видео/Продукција: Виктор Апостоловски. Помош камера: Огнен Димовски и Дамир Пух.

Огромна благодарност до: Катерина Стојковска – KaDance Мирослав Драганов – Продолжи со насмевка, Ива Таневска, Христина Божинова, Ивона Живадиновиќ, Маја Јаневска, Мартина Драгшич, Денис Качапор, Антонио Иванов, Никола Котели, Николче Витковски, Медаин Аслан.

Благодарност и до Allure Bistro за просторот! И до сите останати кои не дружеа дури снимавме!

Каков „Крал“ е  Виктор можете да слушнете и видите во продолжение!

 

 

To top