Промотер

Виктор Апостоловски открива кого го носи „Во срцето“ (ВИДЕО)

Виктор Апостоловски открива кого го носи „Во срцето“ (ВИДЕО)

Уметниците своите чувства ги преточуваат во дела, а токму тоа го направи и Виктор Апостоловски со својата штотуку објавена песна насловена едноставно „Во срцето“, која стигна заедно со видео приказна.

„Имав потреба да си ги истурам чувствата за ситуацијата што ми се случи неодамна, која ми се има случено и претходно, а за која се напишани и ’Pathetic’ и дел од ’Not on U (Аllergic)’. Од таа ситуација излезе километарски текст кој немаше како да го раскажам, освен да го рецитирам“, изјави тој најавувајќи ја новата песна, која е „снимена во еден здив, а спотот во неколку часа“.

Главната улога во видеото ја има Моника Матеска, а покрај неа се појавуваат и Сара Манчевска, Викторија Филипоска и Стефано Соколовски, кој направи и фото-сесија што ќе биде објавена подоцна, а зад камерата застана Синиша Цирковиќ – Сики. Дел од сцените се снимени во скопскиот паб „Ќош“, а како изгледа и звучи сето тоа можете да видите и слушнете во продолжение.

To top