Промотер

Виктор Апостоловски од ова го фаќа – „Нервоза“ (ЛИРИК ВИДЕО)

Виктор Апостоловски од ова го фаќа – „Нервоза“ (ЛИРИК ВИДЕО)

„Напишана во 2011 година… ден-денес вистина“, вака Виктор Апостоловски ја претстави својата нова песна насловена „Нервоза“, во која на гитара му гостува колегата Влатко Симоновскии која ќе се најде на претстојниот албум насловен „Во срцето“ што се очекува да излезе наскоро.

„Во секој бунт барам спокој, секогаш е некој крив, но кој?! Иако живеам поезија и проза, засекогаш е моја е таа… проклета нервоза!“, пее мултиталентираниот битолчанец, кој освен што пишува, компонира, пее и свири, викендов ќе се обиде да се докаже и како диџеј.

На претстојното издание, кое ќе го наследи првенчето „Во моите сни“ од 2015 година и е насловено по истоимената песна од 2017, освен „Нервоза“ ќе се најдат и неодамна објавената „Знам“ и „Бон тон“, а целиот материјал е опишан како „стилски разнолик, но истовремено претставува тематска целина што раскажува еден дел од неговиот живот, односно сите песни се автобиографски“.

Најчесто пишувам за она што мене ми се случува, понекогаш дури и пред да ми се случи. Иако немав некој зацртан план, кога ќе ги погледнам сите песни, тие се сите поврзани“, откри Виктор неодамна, а што има да каже за својата „Нервоза“ дознајте во продолжение преку неговото ново лирик видео.

Извор:РадиоМК

To top