Битолчанецот Виктор Апосотоловски, на неодамна одражаниот фестивал на забавни песни „макфест 2020“ во Штип ја испеа темата „Срца камени“, за која доби и награда за најдобар сценски настап.
Песната на Виктор, за која музиката и аранжманот се дело на Илија Ќосевски, а текстот на самиот пејач која ја потпишува и аудио продукцијата во неговото студио „VA Records“, е динамична, со брз, модерен ритам, а со самото тоа подобна за одлична кореографија. Токму кореографијата и му ја донесе макфестовската награда на Апостоловски, а истата доминира и во видеоспотот за песната, која официјално деновиве ја доживеа својата премиера во етерот.
Видеото пак, (камера и едит) се дело на Сергеј Смилков, додека главната улога во спотот ја има Викторија Варадинова. Во коделот на кореографијата која го следи за цело време и водеозаписот учествуваат девојките од танц студиото – „Break The Floor“: Глорија Атанасова, Марија Цветанова, Леа Манева, Анастасија Стојкова, Јована Коцевска, Горица Николова и Ева Пејова.
Како звучи и изгледа кога Виктор Апостоловски пее и танцува во неговата наградена фестивалска тема „Срца камени“ проследете во продолжение: