По првата соработка во темата „My apology “, Виктор Апостоловски и неговиот американски компањон Метју Хорн ги здружија силите за уште еден заеднички сингл, кој го носи насловот „In The Name Of Love“.
„Е оваа песна ми е посебно драга! Мое дело, како и обично, во соработка со братот Метју Хорн… Благодарности до Ангелина Петреска шо ни го разубави видеото“…, напиша Виктор споделувајќи го новиот сингл.
„Ова е љубовна песна што ќе сакате да ја пуштите за личноста што ја сакате или воопшто ако сакате добра музика…“, додаде Метју. Како звучи и изгледа кога Виктор и Метју пеајат „Во името на љубовта“, дознајте во продолжение.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=27&v=cTj8IkL6PG8