Пејачката Вики Миљковиќ освен што пее, продава и недвижен имот. Освен што продава станови на ексклузивни локации во Белград, веќе неколку месеци работи и во Америка, Карибите и Дубаи.
Вики и нејзиниот сопруг Драган Ташковиќ Ташке си купиле неколку луксузни имоти во главниот град на Србија, но сепак сакаат поголемиот дел од времето да го поминуваат во нивниот стан во Белград на вода.
Виолета сега се снимаше за мрежите и покажа како изгледа нивната тераса која е со големина на стан.
Таа откри дека само планирале да ја преуредат, а потоа најавила голема забава.
@kud.nikud Terasa stana #beogradnavodi 👍@Viki #vikimiljkovic #zvezdegranda #beogradnavodi #belgradewaterfront #vikimiljkovic #trending #srbija #fyp #sava #bakaprase #nikomnijelepšenegonama ♬ Nikom nije lepse nego nama – Viki Miljkovic
– Во текот на летото овде ќе ставиме џакузи. Прво ќе направиме голема забава, но и скара на терасата, се разбира – изјави на шега Вики, а потоа на обожавателите им го покажа погледот на Белград од нејзината тераса.
Фото: printskrin/ТикТок