Вики Миљковиќ е на сцената пар децении, а според српските медиуми таа отсекогаш знаела да комуницира со седмата сила, без која пејачите не можат.
„Се обидувам, мислам дека е многу важно. Некако сме тесно поврзани, не можеме еден без друг. Ги учам моите кандидати дека не можете без медиуми, затоа го доведов Нермин Ханџиќ, последниот победник кој беше мој кандидат, сега ви го претставувам на вас новинарите и на белградската публика. Сметам дека треба да се има коректен став, таква сум и во приватниот живот, а не само кога се медиумите“, изјави Вики.
Освен со музика, познато е дека Вики има и приватен бизнис, па заедно со сопругот посредува во продажба на недвижен имот во повеќе земји.
Парите и дојдоа кога целосно се опушти и се пушти на работа.
„Не гледам што е поисплатливо, одамна престанав да го правам тоа, кога и да бркав пари, никогаш не ги добив. Кога се препуштив на она во што уживам и дадов се’ од себе, се си дојде на свое место“, изјави Миљковиќ за тамошните медиуми.
фото:Инстаграм принтскрин/Вики Миљковиќ