Радио Милева Либерална

Вики Миљковиќ проговори за синот и потенцијалната снашка: „Тоа е негов избор“

Вики Миљковиќ проговори за синот и потенцијалната снашка: „Тоа е негов избор“

Синот на пејачката Вики Миљковиќ и Драган Ташковиќ Ташкет израсна во млад човек кој со својата работа и труд сака да го трасира патот до успехот. Андреј се занимава со тенис, а неговите популарни родители се негови најголеми поддржувачи.

– Андреј е опседнат со спорт. Тој игра тенис, а неодамна почна да оди и на турнири. Активно работи на физичка подготвеност, тоа сега му е приоритет – откри своевремено гордата мама, во интервју за „Ало!“.
Пејачката која долги години е во хармоничен брак на кој многумина можат да и позавидат, не ја изложува јавно својата приватност, а за Андреј малку се знае, а имајќи предвид дека нејзиниот син Вики Миљковиќ е на возраст кога прашањето за ќе биде денот кога ќе ја внесе својоата избраничка во куќата, Вики имаше што да каже на таа тема за „Скандал“:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Viki Miljkovic (@viki_miljkovic)

– За мојот син замислувам жена која ќе го почитува и која ќе ја почитува. Сигурно ќе биде негов избор, а не мој. Се приближи и тоа време. Андреј веќе не е мал. Тој игра многу спортови. Напорно се труди и напорно тренира тенис. Ова сега му е главна преокупација со училиштето. Па ќе видиме што не чека. Но, ќе се обидам да бидам добра свекрва, вели Вики.

фото:Инстаграм/Вики Миљковиќ

To top