Пејачката Вики Миљковиќ ја отвори вратата од домот во кој пораснала за српската емисија „Ексклузив“.
Популарната пејачка и член на жирито на „Sвездите на Гранд“е родена во Ниш, каде и пораснала, а таму се уште живеат уште нејзината мајка Зорка и братот Владица, со кои е многу приврзана.
Вики е стандарден член на жирито на популарното шоу, и зад себе има успешна кариера, а нејзината мајка е задоволна од тоа што го постигнала нејзината ќерка.
Сепак, тешко и паѓа кога ќе ја нападнат нејзината Виолета, вели Зорка.
Миљковиќ откри и колку често ги посетува своите најблиски.
„Мајка ми и брат ми ги посетувам барем еднаш месечно, затоа што сум исклучително приврзана кон нив“, откри Вики во емисијата.
За потсетување, Вики секогаш гордо истакнува дека пораснала во Ниш, додека денес има имот во елитниот дел на Белград.