Вики Миљковиќ имала состанок со Саша Поповиќ и таа и понатаму сака да остане во жирито, но сега има нови услови, пишуваат српските медиуми.
„Вики и Саша беа на ручек и разговараа за новата сезона на „Ѕвездите на Гранд“. Тој и го објасни новиот концепт кој го смисли и што ги чека од октомври, но Вики го изненади кога му кажа дека останува во жирито, но под одредени услови. Имено, таа му кажа дека не сака никој веќе да и се исмејува и се надева дека тој ќе реагира кој некој од членовите ќе претера со коментарите. Му даде до знаење дека знае да се брани, но и дека секогаш го бирала начинот на кој ќе го направи тоа. Исто така му забележа што тој ја прекинува кога таа коментира некој учесник. Му кажа дека тоа нема да го дозволи и дека очекува да биде рамноправен кон сите. Поповиќ се бранеше дека таа погрешно ги сфатила работите, и дека ќе ги земе во обѕир нејзините забелешки“, вели извор близок на пејачката и додава:
„Вики исто така му нагласи на Поповиќ дека ќе биде построга кон кандидатите. Тогаш Поповиќ се пошегува со неа и истакна дека е како Босанац“, вели добро известен извор.
Потсетуваме, Јелена Карлеуша ги напушти „Ѕвездите на Гранд“, а нејзино место ќе дојде Цеца Ражнатовиќ.
фото: Инстаграм/вики миљковиќ