Радио Милева

Викенд тура со Сузана Турунџиева и Атиџе: Прошетка низ Скопје, шопинг, песна и салеп за двете дами

Викенд тура со Сузана Турунџиева и Атиџе: Прошетка низ Скопје, шопинг, песна и салеп за двете дами

Остануваат уште два неполни месеци до крајот на 2020 година, која ни донесе многу промени, нова реланост и не измести од колосек.

Пандемијата со коронавирусот се уште трае и никако да помине, а бројот на заразени се повеќе расте.

Македонската водителка, музичар и писател, Сузана Турунџиева го искористи своето слободно време, па ова лето уживаше низ разни тури во Македонија.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/suzana-turundzieva-na-gosti-kaj-atidze-ova-e-najdobroto-koe-mi-se-sluchi-vo-2020-godina-foto-video/

Таа во една прилика ја посети и македонската хероина на филмот „Медена земја“, Атиџе Муратова.

Меѓутоа, сега Атиџе дојде на прошетка во Скопје и заедно со водителката направија викенд тура.

Имено, тие прво го посетија центарот на градот, а овој момент го овековечија со неколку заеднички фотографии.

„Скопје е убаво, ама Бекирлија не ја дава за Скопје“, напиша водителката.

фото: фејсбук

По шетањето низ центарот на главната метропола, Атиџе и Сузе имаа време и за културна посета, односно заминаа на изложба.

фото: фејсбук

А кога две дами ќе се најдат заедно во главниот град на Македонија, неизбежен и шопингот.

Па, така и Сузе и Атиџе заминаа во градските трговски центри и уживаа во она што можеби многумина жени ги релаксира – шопинг.

фото: фејсбук

Секако, и кога станува збор за Турунџеива и Муратова, не може да помине без песна и музика, па запејааа и на туркси.

Дружбата ја заокружија со салеп.

фото: фејсбук

Веруваме дека од оваа прошетка, дружба, викенд – тура, двете дами, пријателки, понеле многу спомени, убави зборови, дека научиле нешто една од друга, но и дека наскоро ќе остварат уште една средба.

To top