Радио Милева црвена како рак

„Викајте пожарна“… да ја гаси атрактивната „Гранд“ водителка: Маја Ненадиќ ги запали социјалните мрежи (ФОТО)

„Викајте пожарна“… да ја гаси атрактивната „Гранд“ водителка: Маја Ненадиќ  ги запали социјалните мрежи (ФОТО)

Атрактивната водителка на емисијата „Гранд Магазин“, Маја Ненадиќ реши да направи мала пауза и да се одмори на атрактивна и сончева дестинација за да ги наполни батериите за следниот период.

Маја е позната како некој кој сака да патува и го користи секој слободен момент за тоа, а оваа зима реши да се загрее на Канарските острови кои важат за една од најпознатите светски дестинации.

Убавата водителка ужива во активен одмор за време на кој многу шета за да ги посети сите атракции на ова туристичко место, а следбениците ги почести и со бројни фотографии за кои доби голем број лајкови.

Очекувано најголемо внимание предизвикаа позите во бикини, што не е чудно со оглед на бујните облини и физичкиот изглед на водителката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maja Nenadić (@majanenadic)

Сепак, сонцето успеа да ја измами водителката на Гранд која успеа да се испече на сонцето, што ги насмеа сите следбеници кога објави слика како јаде јастог со натпис дека е црвена како ракот во чинијата.

Фото: Инстаграм принтскрин/majanenadic

To top