Сара Мејс на неодамна одржаната манифестација МАРС за својата песна „Небо“ од новиот албум доби награда за најдобар диско хит за годината што изминува.
Со статуетката од Македонскиот радиски фестивал, односно според селекцијата на македонските радија, Сара покажа дека со својата музичка оригиналност останува постојана, своја – автентична, а тоа луѓето очигледно знаат да го препознаат.
Изминатото лето, Сара му сана сопруга на Димитар и официјално го почнаа брачниот живот, иако и претходно имаа брачен тренинг и живееја заедно. А таквиот убав живот, подразбира секако многу љубов ама и вкусна храна со која Диме и Сара се насладуваат.
Кај Диме не многу се познава ама Сара очигледно си ставила во глава дека има вишок на себе, па активно е посветена на вежбањето во теретана.
И додека некои дури и таму не влегуваат без шминка и средена фризура, Сарче нема комплекси, па се појави со бушава коса собрана со ластик кој при вежбањето и падна, а таа слатко си се изнасмеа на „незгодата“ и тоа што присутните ја видоа таква, па потоа видеото го објави на Инстаргам за сите да видат дека нема комплекс и кога не трепери од глава до пети.