Баба Павлика Јовиќиќ, 77 годишна од Топличка Велика Плана, има едно од најубавите домаќинства на село и не се одвојува од својот трактор веќе 40 години.
Бабата имала само една желба – да го поздрави Саша Поповиќ и жирито од „Ѕвездите на Гранд“ , а директорот на продукцијата заедно со емисијата „Експловив“ ја донесе на снимањето на шоуто каде застана на сцената заедно со него.
Како што е редот, за Саша таа донесе ракија, а за жените сок.
Бабата дозволила само малку да ја нашминкаат, но не сакала да ја тргне марамата.
Саша на крајот ја расплака со тоа што и вети дека ќе и купи нов плуг за тракторот, а пак таа со своето појавување ги фати на емоции гледачите.
https://www.youtube.com/watch?v=MOrHmvsE_k0
фото:grandonline