За време на свадбата на Филип и Прија, при вклучувањето во живо од куќата на Живојиновиќ, новинарот на српската телевизија се сретна со семејството и пријателите кои беа дел од свадбената еуфорија. Една од соговорниците беше и внуката на Брена која исклучително потсетува на својата тетка за која велат дека е Брена вратена со времеплов.
Нејзиното име е Мајда Стојановиќ и е ќерка на сестрата на пејачката.
Сестрата на Брена, Факета со сопругот Зоран и ќерката живее во Канада, а оваа прилика беше момент да се видат. Еве како изгледа внуката:
Фото: Инстаграм принтскрин/majdastojanovicdeck