Поп пејачката Наташа Беквалац (37) кон крајот на февруари на свет ја донесе ќерката Катја, а сега одлучи да сподели момент од уживањето со својата наследничка.
Таа со следбениците и пријателите на Инстаграм ја објави својата среќа како одмара со бебенцето на нејзините гради.
Коментарите под објавата не престануваат да се нижат.
Беквалац неодамна објави фотографија со ќеркичката која набрзо ја тргна од профилот.