Српската фолк ѕвезда Лепа Брена деновиве го објави долгонајавуваниот албум „Зар је важно дал се пева или пјева“ на својот Јутјуб канал и премиерно го претстави спотот за песната „Среќна жена“ кој е уникатен во повеќе нешта.
Имено, станува збор за најскапиот спот во кариерата на пејачката, а снимен е на повеќе локации на светот- во Белград, Лондон, Њујорк, Швајцарија, Истанбул и на Малдиви, каде Брена неодамна беше на семеен одмор.
Во видеото на режисерот Харис Дубица, се појавуваат 13 атрактивни пејачки, меѓу кои и една Македонка.
Сите се исто стилизирани, во бел капут, руси перики и црвени капи на главите, така што тешко е да погодите која од нив е Лепа Бена, па и другите во спотот.
Тука се Гоца Тржан,Николина Ковач, Анабела Џогани, Едита Ардаиновиќ и нашата Тијана Дапчевиќ.
За да не се тругите да ја пронајдете, ние ја „уловивме“ за Вас.
Погледнете: