Јелена Карлеуша заедно со целото семејство повторно е во Турција, а веднаш по пристигнувањето во луксузниот апартман се соблече во бикини и ги распосла облините под сонцето крај приватниот базен.
Карлеуша не би била она што е ако не ја стартува сезоната во некое уникатно секси бикини како и овој пат.
Само што, во последно време е доста посветена на сите оние што не ја обожаваат, па се снимаше во костимот од агол преку кој го покажа најбујното на неа.
-Хејтери, за вас ова е шокантно. Мајка на две деца да има вакво тело во бикини!?Колку шокантно и вознемирувачко, гласи дел од нејзиниот опис на видеото.
За изненадување или не, Карлеуша овој пат најмногу комплименти доби од Турците.