Српската пејачка и композитор, Јелена Томашевиќ, деновиве престојува во Скопје.
Причината за тоа е нејзиниот концерт кој ќе се случи оваа сабота(23-ти јуни) во Македонската опера и балет во рамките на „Скопско културно лето“.
Јелена заедно со оркестарот на МОБ ќе ги изведе своите композиции пред македонската публика, а дел од атмосферата за време на пробите во Скопје, објави и на својот Инстаграм профил.
Покрај нашиот оркестар, Томашевиќ како специјална македонска гостинка на сцена ја покани поп-пејачката Елена Ристеска, која ќе застане и запее заедно со својата колешка од соседна Србија.
Еве како изгледаа на проба: