Ако останало уште некое тврдо срце, и тоа капитулирало кога Шарлот пред влезот во болницата кога одеа во посета на мајка им, се завртела и кралски елегантно уште еднаш ги поздравила насобраните.
Малата Шарлот на почетокот на мај ќе полни само три години, а Англичаните коментираат дека таа веќе ги има сите предиспозиции за една кралица.
Повеќето корисници на социјалните мрежи се согласиле дека принцезата е најслатка на свет, а многумина велат дека во неа гледаат наследничка на Дајана.
Потсетуваме, војвотката Кејт завчера се породила во болницата Сент Мери во Лондон.