Драгана Мирковиќ во своите 55 години го постигна она за што многумина можат само да сонуваат: ужива во хармоничен брак, горда е мајка на две деца, а статусот на фолк ѕвезда и донесе не само слава, туку и богатство.
Сепак, сето горенаведено имаше своја цена, а таа го плати со своето здравје.
Пред неколку години Драгана открила дека тироидната жлезда и е оштетена до тој степен што ќе мора да зема лекови до крајот на животот.
View this post on Instagram
Иако нејзината кариера беше проследена со успеси, хитови и безусловна љубов на публиката, неизбежно имаше стрес. Пејачката е убедена дека токму тоа било поттик за нејзината болест.
– Проблемот со тироидната жлезда настана бидејќи многу работи премолчев. Навистина знае да биде болно кога има грутка во грлото и кога сакаш да зборуваш, но не си дозволуваш да кажеш или да одговориш. И ти знаеш се’, и сеЌ ти е јасно, и сите знаат се’ и сите молчиме – рече таа за српските медиуми.
Драгана Мирковиќ кога дознала за дијагнозата го променила начинот на исхрана, а покрај медицинската терапија зема и одредени суплементи, за да ја држи болеста под контрола.
фото:Инстаграм/Драгана Мирковиќ