Радио Милева летаат евра насекаде

Весна Змијанац по тешката операција повторно настапува, а рацете ги преполни со бакшиш (фото)

Весна Змијанац по тешката операција повторно настапува, а рацете ги преполни со бакшиш (фото)

Фолк пејачката Весна Змијанац на почетокот на март годинава беше оперирана во Клиничкиот центар на Србија.

Весна неколку месеци се опоравуваше од тешката операција, а неодамна се врати на деловните обврски и повторно почна да настапува.

Пејачката пеела во една кафана, а на социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа дека пејачката има полна рака бакшиш.

Гостите заедно со неа пееја на нејзините најголеми хитови и нема сомнеж дека атмосферата ја довела до својот врв.

Цело време таа била среќна додека пеела, а неодамна изјави дека едвај чека повторно да се измеша со публиката.

– На почетокот да кажам дека сум добро, до тој степен што може да биде подобро. Малку е рано да зборувам за целосно закрепнување, малку сум немирна но таква сум, не можам поинаку. Ми ндостига публиката. Таква пауза во животот не сум имала, да не пеам шест месеци, никогаш во половина век пеење. Веќе не се работи за пари, туку за тоа да не можеш повеќе без микрофон. Да имаше пауза уште еден месец или два, немаше да биде добро -илјавила таа и додала:

– Пеењето ме излечи. Се водев по тоа дека ако можам да пеам толку, значи дека сум добро. Не ме заморува толку како да седам дома и да не правам ништо.

Фото: Принтскрин/Инстаграм

To top