Весна Змијанац моментално е во Букуља каде ги минува деновите по бајпас операцијата, а според фотографиите кои се појавија може да се заклучи дека пејачката ужива на одмор далеку од градот.
Пејачката Весна Змијанац неодамна беше оперирана во Клиничкиот центар на Србија, каде лекарите поставија три бајпаси.
По интервенцијата лекарите ја советувале строго да мирува и да се придржува до терапијата и дека мора да добие нивно одобрение за да се врати на настапите или каков било напор.
Весна, како и нејзината ќерка Николија Јовановиќ и зетот Реља Поповиќ, беа крајно загрижени за целата оваа ситуација, па токму поради тоа беше донесена одлука Змијанац да се крие од јавноста извесно време и да замине до Букуља, каде што има своја куќа и мир.
Пејачката отсекогаш најмногу ја сакала својата куќа надвор од Белград, иако поседува неколку имоти во центарот на главниот град, па сосема логично беше да се сокрие во омиленото катче. Екипата на емисијата „Папарацо Лов“ заминала во Букуља, каде ја затекнале пејачката како седи сама на терасата од нејзината куќа и ужива во свежиот воздух и недопрената природа.
Од видеото може да се забележи дека закрепнувањето на пејачката оди добро и дека ужива во паузата од настапот и градската гужва.
фото: Пинк принтскрин/Јутјуб/папарацо лов